Албанскиот премиер упати сериозни критики на адреса на опозициската Демократска партија (ДП) по пишувањето на американско списание дека руска компанија го финансирала лобирањето за демократите на последните избори.

„Оваа приказна не може туку така да се затвори. Барам јавното обвинителство да покрене обвинение за целосно расветлување (на случајот)“ напиша Еди Рама на неговиот Фејсбук профил.

Според албански медиуми кои се повикуваат на списанието „Мадр Џонс“ (?!) поранешен КГБ офицер, Евгениј Шерементјев, наводно преку непостоечка компанија „Биниата Трејд“ во САД уплатил 1 милион долари на сметката на американскиот лобист Ник Музин во корист на албанските демократи  за време на ланските парламентарни избори, пренесе МИА.

„Руската опасност доаѓа од Рама“, одговори лидерот на ДП Љуљзим Баша според кој ова било обид да се оттргне вниманието она јавноста од катастрофалното владеење на владата на премиерот Еди Рама.