Албанскиот премиер преу својот профил на Фејсбук упати предупредувачка порака до претседателот Ѓорге Иванов.

Во врска со одбивање на шефот на македонската држава да потпише Указ со кој би стапил во сила Законот за употреба на јазиците, усвоен во парламентот на 14 март, Еди Рама напиша:

,,Г. Иванов, албанскиот јазик не е јазик на непријателот, туку е јазик на уставотворен народ во Македонија. Без Албанците нема Македонија почитуван претседател Иванов“, напишал  Рама како што пренесува „Фокус“.