Рама само фантазирал за заеднички претседател на Косово и Албанија

Јас ништо не изјавив. Една слободна реченица е извадена од контекст и се претвори во политичка програма. Си дозволив себе да дејствувам со чиста фантазија. Никој не може да ми забрани да мечтаам, изјави албанскиот премиер по критиките дека со идејата  за заеднички за Косово и Абанија заговарал големо-албански идеи.

По повод десеттата годишнина од независноста на Косово, тој во косовскиот парламент рече дека „Албанија и Косово ќе имаат заедничка надворешна политика, а не само заеднички амбасади и дипломатски мисии, и зошто не и претседател, како симбол на национално единство и националната безбеднсна политика“.

Албанскиот премиер смета дека оваа изјава предизвика непотребни реакции во Тирана, Приштина, Брисел и во регионот и тврди дека бил извадени од контекст.

Јасно е дека таквата реакција не можеше да се очекува од Србија, бидејќи Србија се ‘уште живее со идејата дека Косово не е албанско туку покраина на Србија, рече Рама .