Рамковните вработени, конечно ќе тргнат на работа

Во МВР, УЈП и Царина ќе се распоредат најголем број лица од 958-те „вработени“ по Рамковен договор во периодот 2008 – 2015 година кои досега земале плата, но не оделе на работа.

Најмногу од нив, 50 лица ќе се вдомат во Министерството за внатрешни работи, 39 избрале да работат во Управата за јавни приходи, 30 во Царината, 28 во Клиничката болница во Тетово 28, во Управата за водење на матични книги и во Јaвното обвинителство по 26 лица.

Во Министерството за надворешни работи ќе бидат вработени 19, во Министерството за образование 17…  во ДИК, во Агецијата за цивилно воздухопловство.

Пред да бидат распоредени, како што пренесува „Телма“ тие „прво биле консултирани за две -три работни позиции во институциите кои би можеле да ги заземат, па не се очекува некој да одбие, смета вицепремиерот Хазби Лика“.

За други 712 „рамковно“ вработени кои биле платени, а не доаѓале на работа се прави систематизација каде би можеле да бидат ангажирани.