Раниери се враќа во англискиот фудбал

Клаудио Раниери би можел да доживее брз камбек во Англиските фудбалски лиги откако за него сериозен интерес пројавува Сандерленд. Мал проблем е што Сандерленд испадна од Премиер лигата и што Италијанецот ќе треба да работи во Чемпионшип дивизијата, но првата негова реакција била позитивна.

Раниери лани во ова време славеше титула со Лестер од каде по Нова година беше избркан, а сега треба да биде наследник на Дејвид Мојс кој имаше уште еден во низата неуспешни тренерски ангажмани.

SHARE