Немања Прибак, Филип Миркуловски, Филип Лазаров и Ацо Јоноски кој најави повлекување од репрезентацијата нема да бидат со нашиот најдобат машки ракометен тим за неделата на ЕХФ. Таа е од 2 до 8 април и во неа е предвиден пријателски меч од затворен карактер против Русија кој треба да ни помогне добро да се подготвиме за бараж двомечот со Романија од кој во јуни (8 и 14) ќе бараме нов пласман на Светското првенство во 2019 година.

Раул Гонзалез го објави списокот од 19 играчи кои треба да се јават во кампот на селекцијата во Скопје за две седмици, а меѓу нив освен споменатите отсустни, за одбележување е повикот за младиот десен бек Мартин Серафимов.

SHARE