????????????????????????????????????

Насер Рауфи, адвокат во случајот „Монструм“ изјави дека сега, откако предметот е вратен на почеток, ќе може да се бара отштета за  годините што обвинетите ги поминале во притвор без никаква вина.

Врховниот суд ја поништи првостепената и второстепената пресуда во случајот „Монструм“ за масакрот кај Смилковското езеро, а на обвинетите повторно ќе им се суди.

По речиси шест години поминати во затворите на обвинетите А.И., Ф.А., Х.А. и С.Љ. им се определени други мерки за претпазливост (забрана за напуштање на живеалиште и редовно јавување пред Основниот суд два пати неделно)  а тие се пуштаат на слобода.

„Предуслов за ова барање е пресудата да биде правосилна а јас сум убеден дека тие не се виновни и дека исходот ќе биде таков што тие ќе бидат ослободени од ова обвинение“, вели адвокатот Рауфи во изјава за АлсатМ.

Рауфи вели дека праведен судскиот исход треба да има и за учесниците во протестите кои беа организирани поради апсењето на обвинетите пред повеќе од пет години.

Оставете коментар