Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се загреаја, го почувствуваат теренот и амбиентот, но брзо и едноставно ги решија првите мечеви на овој Ролан Гарос и практично ја започнаа турата која за неполни две недели може да ги однесе до меѓусебен дуел за финале на 116-тото издание на Францускиот Оупен.

Шпанецот денеска славеше со Паире, Србинот со Гранољерс, во обата случаја беше по 3-0. Со нив во продолжение од турнирот, од денешната програма,а во прашање се уште е првото коло, одат и други носители и ланската освојувачка на женскиот дел Гарбине Мугуруза која во мечот на две поранешни победнички во Булоњската шума ја совлада Скијавоне со 2-0.

SHARE