Првите обиди на Антонио Конте да се распраша за Герет Бејл во Мадрид не минале најдобро иако вчера излегоа информации дека Челзи е подготвен да плати цели 100 милиони евра. Претседателот на Реал, Флорентино Перез не сака да го ослободи Велшанецот иако навивачите го губат трпението со крилниот напаѓач кој пропушти многу средби во сезоната, па ефектот му беше доста скромен, само 9 гола.

Веднаш по првото одбивање од Лондон го уфрлаат вториот адут, а тој може да биде сериозен предизвик, ако се знае дека кралевите долго размислуваат за еден играч на сините, Еден Азар. Кога веќе не можат да состават тандем Бејл-Азар, од Челзи би го отстапиле Белгиецот во Мадрид во замена за Бејл, со кога на Стенфорд Џриџ се убедени дека можат да стасаат далеку во Лигата на шампионите.

Сето ова може да го закомпликува Манчестер Јунајтед кој, по ланските 120 милиони за Пол Погба се подготвува за нов голем трансфер, а тоа може да биде и токму Бејл. Предност на Црвените Ѓаволи би било плаќањето во кеш и без никакви дополнителни обврски.

SHARE