Водечкиот португалски спортски весник”А Бола”, пишува денеска дека Реал Мадрид летово ќе добие понуда од најмалку еден клуб, а може да бидат и три, за својот најдобар играч Кристијано Роналдо. Сумата ќе биде 180 милиони евра, но ако дојде до наддавање таа може да оди и до 200 милиони.

Во објаснувањето на весникот кој се повикува на своите врски, кандидати за ваков потфат се ПСЖ кој увидел дека без напаѓач од калибарот на Ибрахимовиќ, не може да дојде ниту до титулата во Франција, потоа Манчестер Јунајтед кој не успева да го донесе Антоан Гризман од Атлетико, и како последен се споменува Монако кој лесно може да дојде до 120 милиони евра по продажбата на Килиан Мбапе, а во Кнежевството не сакаат да ги “штекаат” парите туку сакаат веднаш да ги вложат.

“А Бола” знае дека Флрентино Перез би прифатил ваква понуда со две раце, но проблем ќе претставува Роналдо кој тешко дека ќе сака да го напушта Мадрид. Впрочем последното што тој го рече на оваа тема е дека останува на Сантијаго Бернабе до својата 41. година.

SHARE