Рекорден број новинари ќе ја следат утрешната средба Коѕиас – Димитров

Најмалку стотина новинари се очекуваат да известуваат за утрешната средба меѓу шефовите на грчката и македонската дипломатија Никос Коѕиас и Никола Димитров.

Покрај десетици новинари од Грција  кои што се најавиле во грчкото МНР за следење на средбата во Атина ќе пристигнат и десетина новинари од Македонија но и од соседните земји Бугарија, Србија и Албанија како и новинари на регионални телевизиски мрежи и медиуми како Ал Џезаира.

Средбата во Атина е прва меѓу министрите за надворешни работи на двете земји по изборот на новата влада во Скопје.

По изјавите на македонските претставници дека Македонија ќе се обиде да ја убеди Грција да дозволи влез во НАТО и почеток на преговори за членство во ЕУ со референцата ФИРОМ помалку подзаборавениот спор за името повторно стана централна тема во двете земји, особено во Македонија.

И по вчерашните средби во Брисел на премиерот Заев кој порача дека очекува поддршка од Грција и изјавите Димитров за западни медиуми дека Македонија ќе стори се за да влезе во НАТО со референцата од ОН пораснаа очекувањата и на македонската и на европската јавност.

SHARE