„Реформаторите“ на ВМРО – ДПМНЕ не се меѓу 8-те заштитени сведоци на СЈО

Осум функционери во врвот на ВМРО-ДПМНЕ блиски до лидерот  Никола Груевски се заштитени сведоци на Специјалното јавно обвинителство, изјави еден од иницијаторите за реформи во партијата, Петар Богојески на емисијата Топ Тема на Телма.

Богојевски со тоа одговори на кампањата за оцрнување на иницијативата за реформи во ВМРО – ДПМНЕ која ја започна партијата обвинувајќи ги иницијаторите дека се заштитени сведоци во СЈО против Груевски и други функционери на партијата.

„Во СЈО ниту еден заштитен сведок не се заведува со име и презиме туку со псевдоним. Никој од реформаторите не е заштитен сведок, и затоа нека бидат релаксирани, никој од нас не е сведок“, рече Богојески.

Според Богојевски иницијатива има за цел да ја заживее партиската структура за да се победи на изборите. Според него мора да запре практиката актуелна во последниве години услов во која за напредок во партијата членовите се натпреварувале кој повеќе ќе искодоши кај раководството.

Богојевски во емисијата не откри од каде точно знае кои се заштитени сведоци на СЈО.