Рецепт на баба и дедо од Македонија им носи богатство во САД (видео)

Кристина и Михаела се мајка и ќерка кои со помош на рецептот за ајвар на баба и дедо од Македонија успешно се пробиваат на американскиот пазар.

Кристина за медиуми во сојузната држава Охајо каде што живеат во градот Кантон, раскажува за сеќавањата на родителите кои што ајварот го правеле во Македонија.

„Секоја година правеа ајвар во градината која што беше преполна со пиперки и домати. Започнуваа со печење на пиперките на шпоретот по што тие се лупеа и се чистеа од семки. Правеа и сопствен сок од патлиџани. Се сеќавам на мојот татко со рачно направена преса за правење сок од патлиџани“, вели Кристина.

Откако некоку години правеле ајвар за себе Кристина со помош на семејството и нејзината ќерка Михаела решиле да започнат со бизнис. Ајварот го продаваат во над 90 дуќани во државата Охајо и уште 6 други сојузни држави по цена од 8 долари за тегла.

Побарувачката е огромна и тие веќе размислуваат за проширување на бизнисот со ајвар кој се продава во оргинален македонски рецепт и негова лута варијанта.

Во ајварот кој во Охајо се продава под името Rust Belt Pepper relish има црвени пиперки, масло, сок од домати, лук, шеќер, оцет, и сол а се препорачува да се јаде со јајца, месо на скара, и риба, како и со паста и пица и се разбира со сирење.

Ајварот е особено популарен заради тоа што е вегански производ, без глутен, без презервативи, и не содр
и ГМО состојки а наскоро ќе добие и сертификат за кошер храна.

По отворањето на теглата ајварот ако е во фрижидер може да стои еден месец.

Приказната за американските граѓани со македонско потекло ја следниов видео линк

Оставете коментар