“Ние не водиме надворешна политика. Ние се бавиме со „дипломатија “на градовите, а нашата цел е од соседната земја да доведеме што е можно повеќе граѓани во Солун, и во Грција, вели градоначалникот на Солун Јанис Бутарис кој во четврток доаѓа во Скопје.

Во врска со жешката тема на името, Бутарис вели дека тоа не е негова работа, ниту пак има авторитет за таков предмет, разговорот со славо-македонските власти е ограничен на вообичаеното дека „решението мора да се најде заеднички“.

„Но, таму горе“, наводно рекол Бутарис како што пренесува „Катимерини“.

Весникот потсетува дека  во многуте интервјуа што ги давал за „скопските“ медиуми ставот на градоначалникот на Солун бил  сложено име со географска одредница.

Оставете коментар