Решението за името зависи од храброста на Заев и на Ципрас, смета Ковачев

Loading...

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев е уверен дека решението за проблемот што го има Грција за името на Република Македонија зависи од храброста на македонскиот премиер Зоран Заев и на неговиот грчки колега Алексис Ципрас.

„Пред неколку недели имаше поголема надеж отколку сега. Барем за мене е така. Сè зависи од двајца – Алексис Ципрас и Зоран Заев, како и од тоа колку тие ќе имаат храброст, и покрај организираните протести, подметнувања однадвор и нетрпеливост, да ја донесат таа многу важна одлука“, изјави Ковачев за бугарската агенција „Фокус“.

„На Грција ѝ тежи како воденичен камен на европски план тоа што е пречка и поради неа не може да продолжи европската и евроатлантската интеграција на Македонија. Многу се надевам дека двајцата ќе имаат храброст да го направата тој чекор, и покрај тоа што за нив тоа ќе биде тешка одлука. Тие ќе бидат жестокот критикувани во двете земји, но треба да ја донесат таа одлука за иднината. Се разбира, Грција е дел од ЕУ и од НАТО и таа е во подобра положба, но таа не може со децении да биде камен на сопнување и треба конечно да биде донесена одлука“, додаде тој.