“Црниот Пантер” како што ја нарекуваат познатата манекенка Наоми Кембел (47) е лута на пејачката Ријана бидејќи таа го мрази чувството кога е “втора”. Наоми беше во кратка врска со бизнисменот Хасан во минатата година, а потоа помладата Ријана (29) беше видена во друштво на Хасан (29). Ријана се забавуваше на базен со милијардерот чие семејство се занимава со продажба на автомобили во Саудиска Арабија.

Вљубената двојката е во сериозна врска веќе неколку месеци, а пријателите и блиските се сведоци на интензивна дружба.
“На Ријана во моментов не и е грижа што мисли Наоми бидејќи таа навистина падна на љубовта на Хасан и ништо друго не и е важно”, вели изворот.

SHARE