Бразилскиот фудбалски ас доби сериозна затворска казна за силувањето на неименувана Албанка во време на прославата на својот роденден минатата година во Милано. Во образложението на судот, а пренесува агенцијата АНСА се вели дека Робињо и пријателите биле брутални кон 22 годишната девојка по забавата на која 13 години повозрасниот репрезентативец на кариоките, за кои одигра 100 меча, бил со споругата. Но потоа таа била испратена, а Робињо и другарите ја напиле несреќната девојка до тој степен што таа била во бессознание, што било искористено за повеќекратно силување во магациснкиот простор на објектот во кој претходно била прославата.
Робињо не е во затвор само затоа што тој е во својата земја, а бразилскиот закон не дозволува екстрадиција, па на Робињо му претстои тешка правна битка во која ќе го оспорува решението на судот.