Меѓународен тим на научници пред четири години започна истражувачки проект за следење на квалитетот на морето што ја опкружува Венеција, а пред неколку месеци по каналите и околу нив беа пуштени специјално дизајниран роботи: риби и школки. Вредноста на проектот е пет милиони долари, а средствата се обезбедени од фондовите на ЕУ. На површината “пливаат” риби, а во плитките канали, школки кои собират податоци од морското дно, велат истражувачите.

„Улогата на роботот е да го анализира и да помогне да го заштити кревкиот екосистем на Венецијанската лагуна, а школките собираат и чуваат податоците, како и да ги пренесуваат на рибите кои им ги носат на научниците на површината“ велат тие што манипулираат со оние мали роботи.

„Subcultron е заеднички проект за вештачката интелигенција кој има за цел да создаде најголемо јато риби роботи во светот. Нејзината намера е да се подобри знаењето за морското дно, а од технолошка гледна точка човечките активности се префрлуваат на високо-технолошки уреди“, изјавија од Институтот за проучување на морето во Венеција.

Оставете коментар