Виртуелен робот кој изгледа како седумгодишно момче денеска официјално доби статус на жител на една од централните општини во Токио. Момчето со име Мираи, што значи иднина, воопшто не постои во реалноста, но вештачката интелигенција му овозможува да комуницира со луѓето преку текст апликацијата .
Современата општина Шибуја одлучи да му додели вистински идентитет на робот кој е под целосно име Шибуја Мираи, што е за прв пат во Јапонија и веројатно во светот.

Освен допишување, Мираи сака да се слика и на интересен начин да ги менува „селфи“ фотографиите што му ги испраќаат неговите соговорници.
Претставник на општинските власти изјави дека Мираи може да и помогне на општината околу нејзината популарност.

Оставете коментар