Робот изведува операција на мозок за 2,5 минути

 

За извршување на операција на мозокот потребна е прецизност и само еден погрешен потег, може да има страшни последици за пациентот, пишува во веста објавена на порталот факултети.мк.

 

 


Истражувачите од Универзитетот во Јута се обиделе да пронајдат решение, со цел човечките грешки да не се случуваат. Тимот креирал робот кој има способност да го намали времето за 50 пати од она кое потребно за да се изврши комплицирана процедура. Роботот може да го намали времето кое е потребно за да се прободе во черепот, од два часа на две и пол минути.

Роботот оперира во ранливи предели на черепот според податоци кои ги добива од скенирања кои се вметнуваат во неговото програмирање. Скенирањата му ја покажуваат локацијата на нервите или вените кои треба да ги избегнува.

Експертите сметаат дека освен што роботот ќе има способност за да спасува животи, туку со ова ќе можат да се заштедат и пари. Пократки операции значат и помало чинење на операцијата и се разбира придобивка од самото тоа што пациентот пократко време ќе биде под анестезија.

фото извор: Getty/Futurism