Во денот во кој прославуваше роденден, 20 години, летонската тенисерка ја победи Тимеа Башчински со 2-1 во сетови во полуфиналето од Ролан Гарос и го оствари најголемиот успех во кариерата. Во саботниот меч за титулата на вториот сезонски Гренд Слем девојката од Рига која е 47. на ВТА листата ќе се соочи со Симона Халеп која денеска во Булоњската шума исто во три сета ја елиминира Катарина Плишкова.

Остапенко е една од поголемите сензации на тениската турнеја во последните години со оглед на тоа дека до сега го немаше минато третото коло на некој од големите турнири, за освојување на трофеј не станува збор, а не беше ни меѓу 32. носителки во Париз.

Утре во Париз е машкото полуфинале во кое Надал игра со Тим, а Вавринка со Мареј.

SHARE