“Родно семе да остане” стотици илјади евра пак во (в)етер

Македонската радиотелевизија како носител на конкурсите за финансирање македонска музика објави нов список со примени и одбиени композиции. Пред неполни два месеца Министерството за култура најави дека ќе се укинува Законот за поддршка на домашната музичка продукција. Досега од Буџетот се потрошени 2 милиони евра објавува женскимагазин.мк

Во првите денови од новата година, Македонската радиотелевизија (МРТ) го објави списокот со примени и одбиени композиции од последниот конкурс за музички субвенции. На фолк-интерпретаторот Али Бајрам и на поп-изведувачите Авни Аљији и Дарио Панковски државата ќе треба да им исплати по 9.000 евра за две песни кои ќе ги промовираат во наредниот период.

Сите тројца се рангирани во категоријата „ѕвезди“ каде финансиската поддршка е најголема и изнесува 4.500 евра за еден рефрен (3.000 евра за звучно снимање на песната и 1.500 евра за спот).

За разлика од претходниот конкурс, жирито овојпат даде зелено светло и за две композиции со кои ќе се афирмираат семејните вредности во општеството. „Родно семе да остане“ и „Се враќам дома за Божик“ се насловите на нумерите со кои Кристијан Тасевски и Денис Димовски ќе лобираат за многудетни семејства. Народни пари се предвидени и за еден патриотски рефрен, темата „Оваа земја убава горда“ во изведба на Анета Василева. Само за овие наменски песни државата годишно исплаќа 60.000 евра.

Одобрени се 32.000 евра и за осум детски композиции, а на оваа листа се повторуваат исти автори. Дури три од овие песни се дело на Ангелина Мицковска.

Целиот текст тука