Романот „Во крајот на Сван“ продаден за половина милион евра

Реткото издание на романот „Во крајот на Сван“ од Марсел Пруст беше продадено на аукција за повеќе од половина милион евра, што е малку, помалку од горната граница на проценката, изјавија од аукциската куќа.

Книгата беше продадена за 535.500 евра, а проценката беше помеѓу 400.000 и 600.000 евра.

Книгата на францускиот писател Марсел Пруст (1871-1922) е еден од петте нумерички примероци. “Во крајот на Сван”, за многумина е најубавиот труд во светот.

Три примероци на овие ретки и вредни книги ги чува сопственикот, а четвртото издание исчезнало за време на Втората светска војна и никогаш не се појавило.

Оставете коментар