Ромски активисти бараат интерпелација за министрите Спасовски и Царовска

“Додека не се притиснат оние кои треба да го решат проблемот тие ќе продолжат да се однесуваат неодговорно. Ајде еве чекори кои треба веднаш да се превземат: Мабера, Аксел, Самка, Амди и сите други наши политичари да се притиснат за да побараат оставка од министерката за труд и социјала, кривична пријава до сите инволвирани во домот, пред се директорот, кои дозволиле да се случат вакви грозотии”, велат дел од ромски интелектуалци во земјава според кои Ромите имаат куп правници кои треба да состават една тужба за на суд.

“За притисокот врз министерката си имаат нашите политичари советници во своите кабинети. Нека им состават еден убав текст кој ќе го прочитаат пред медиуми и ќе побараат да се гласа во собраниска седница за интерпелација на одговорните министри Оливер и Мила во случајов.
Немојте да оставаме само Будимпешта да ни ги решава проблемите, пасивноста и неодговорноста наша дозволува да на крајот се се сведува на знаевме ама ништо не направивме”, вели тетовчанецот Тефик Сали кој бара одговорност за злоупотребата во домот за деца “25 Мај”.

“Во еден невиден очај сум од ова. Не реагирав на политички и останати видеа, пропаганди, програми и какви се не случки, ама ова е нешто за кое треба посилен ангажман најмалку од оние кои ја имаат моќта, а после и секој од нас. Се согласвам со Тефик Сали.
Не знам кој треба да е дискурсот – да ги анализираме пропустите (Кои ги има во гигабајти), или да се превземат итни мерки за да се спречат понатамошни вакви случаи? Испаѓа дека во некои институции/организации не е доволно да се има Роми туку треба квалификувани борци.
Пред некој ден ми се налутија зошто сум барал одговорност, епа стварно не знам како треба човек да постапи поинаку? Морам, човечки е да прашам (чините ми Алал што прашувам) – Народен Правобранител, Васка Бајрамовска Мустаф, аискрено лично ве поддржувам и знам дека сте и ќе останете голем борец за мене, НО – дали можевте повеќе? МТСП – До кога ќе се расправате внатре кој е кој и ќе патувате по светот за дневници додека центрите за згрижување загрозуваат детски животи? Политички партии кои бевте 10 год партнери, дали сте се занимавале барем еднаш со ова? СРМ? ПИР? ОПЕ? ДСР? Еве сега ПЦЕРSRM?”, прашува активистот за правата на Ромите Адем Адеми.

Ввидеото интервју со заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска Мустафа за грозоморниот случај објавено на Телма.