За титулата во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, патем и инвидуалното признание за најдобар стрелец во сезоната 2016/17 во најсилниот европски Куп, за трофејот во Примера, и тие во Суперкупот на Шпанија и Суперкупот на Европа што во август се одржа во Скопје, Кристијано Роналдо е најдобар според најпрестижниот фудбалски магазин „Франс фудбал“.
За Португалецот ова е петто вакво признание, а тука се вклучени и тие кога францускиот медиум прогласуваше заедно со ФИФА, со што се изедначи со Лионел Меси. Аргентинецот беше во најтесната конкуренција, како и неговиот поранешен клупски колега, а сега член на ПСЖ, Нејмар.
Впечаток е дека наградата доаѓа како плод на тимските успеси на Реал Мадрид иако треба да се признае дека токму Роналдо е нивни лидер и носител во тој голем поход.

Оставете коментар