Мега ѕвездата на светскиот фудбал Кристијано Роналдо објави прва слика на новороденчињата близнаци. Децата кои ги носат имињата Ева и Матео, на свет дојдоа на 8 јуни, но Португалецот поради професионални обврски за прв пат ги виде дури денеска.

Мајката повторно е сурогат, како и при неговото прво дете Кристијано Џуниор, кој веќе има 6 години.

“Толку сум среќен што можам да ги држам во раце двете нови омилени суштества во мојот живот”, напиша Роналдо во Инстаграм.