Утре во Париз започнува 116. издание на тенискиот Гренд Слем. Натпреварот на најголемите ѕвезди на денешницата во следните две недели ќе содржи екслузивно возбудливи натпревари, во опкружување со најголемиот збир на грандиозни споменици и со традиција на секој чекор.
Ролан Гарос има своја жива икона, а тоа е Шпанецот Рафа Надал кој, како никој претходно, победуваше во 9 од последните 12 собири на терените во Булоњската шума. ТВ станиците што ќе го пренесуваат имаат милион сцени кои можат да се најдат во најавата, а ние одбравме едно видео кое ни се чини најспектакуларено.