Горазд Росоклија, професор на Универзитет „Колумбија“ во Њујорк и член на Македонска академија на науки и уметности (МАНУ) надвор од работниот состав, реагира на изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел по денешната средба со македонскиот премиер Зоран Заев во Берлин.

„Меркел: ‘Компромисите се болни, но решението треба да биде одржливо’.

Ако Меркел го изјавила ова, ако суштината не е загубена во преводот, нешто не само поапсурдно, туку и поглупаво невозможно е да се искаже.

1. Компромиси се бараат од нас, Македонците. Треба да не постоиме како македонска држава и да извршиме самоубиство како нација (сите самоубиства се доброволни).

2. Ваквите ‘компромиси’ само можат да бидат наметнати, што значи дека се диктат кој Меркел и ЕУ сакаат да го прикажат како компромис на кој ние сме се согласиле.

3. Како може ваков ‘наметнат компромис (диктат)’, да биде одржлив?

4. Постои ли некаде народ кој ваквиот ‘компромис’ ќе го прифати и таквиот диктат ќе биде одржлив?

Бројот на луѓе што веруваат дека лидерите се барем просечно паметни е сѐ помал и помал.

Се враќам на моето карактеризирање на политичките лидери.

Колку повисоко во партиската хиерархија, толку помалку карактер, а сега би додал и не баш многу памет“, напиша Росоклија на својот профил на „Фејсбук“.