Професорот Горазд Росоклија денеска на „Фејсбук“ реагира на вчерашната изјава на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров дека „сложено име, со географска одредница, кое ќе биде слеано и во себе ќе го содржи името Македонија доколку се изговори брзо може да се случи да не се слушне зборот Македонија“, мислејќи на „ГорнаМакедонија“ без превод.

„Колку побесмислено име, толку понеодржливо. Инсталацијава глуми власт и диктатура, а со секој ден се погротескни. Соседиве ги грлат, а со секоја изјава и постапка ги изложуваат на потсмев“, напиша светски признатиот стручњак по невропатологија и невроимунологија од Универзитет „Колумбија“ од Њујорк во дискусијата под пост на профилот на „Фејсбук“ на професорката Билјана Ванковска.

Малку подоцна членот на Македонска академија на науки и уметности надвор од работниот состав со уште поостра критика.

„Случајни личности без создадена вредност зад себе. Безвредни, морално и материјално корумпирани, уценливи, уплашени. Идеален избор за задачата. Да продадат што не е нивно. Нивниот потпис под било кој документ е исто толку безвреден колку што им се безвредни личностите и нивните газди го знаат тоа“, додаде Росоклија.