Росоклија: Само глупавите мислат дека ќе запрат идеја

Професорот на њујоршкиот универзитет Колумбија, академик Горазд Росоклија одлучи да им одговори на таканаречените либерални интелектуалци кои во последнот период жестоко ги напаѓаат (и навредуваат) потписниците на писмото во кое се бара внимателност во преговорите со Грција.

-Еден професор и доктор на науки се декларира кој е, преку своите научни публикации и цитираноста на неговата мисла. Поаѓајќи од ваквиот критериум се обидов да видам кои се избраниците на режимот платени да плукаат по секој што не ја дели режимската скромноумност – пишува Росколија.

Држејќи се токму за тој критерум Росоклија заклучува дека зад овие луѓе стојат непостоечки достигнувања, непостоечки публикации, непостоечка цитираност на нивните ,,мудри“ мисли кои претпоставено ги имаат.

„Нули во секоја категорија. Големи ништа во жабокречината што ја создале и во која ги држат сите млади луѓе.Како да дискутираш со личност која нема личност? Како да дискутираш за нивниот став кога тие немаат став, прилагодливи се? Како да водиш дискусија за интелектуалност со нив, ментална сељачаана која го окупира јавниот простор? Како да дискутираш за академски вредности на ,,академци“ кои ни ,,децата од нашата улица“ не ги знаат со нивните академски достигнувања, а Врање им е далечна меѓународна дестинација? “ – се прашува професорот Росоклија додавајќи дека некои од младите луѓе веруваат во нив, што злосторот го прави уште поголем.

„Да мислиш дека ќе го замолчиш човекот, треба да си глупав. Да мислиш дека ќе го запреш ширењето на идеја треба да си многу глупав. Ако мислиш дека можеш да ги контролираш емоциите на луѓето, треба да се загрижиш за себе“ – предупредува македонскиот научник со светско реноме Горазд Росоклија.