Рубрика: Лудилото нема крај: Капата што имаше ФБ профил

Во мноштвото лудила кои што ја заплиснаа Македонија во овие историски години и денови најмарканен е обидот на некој претприемач да ги поврзе историјата (македонска или бугарска сеедно) и студот и сонцето за да направи милиони.

Во бизнисот тој е хуман и на секои 10 купени капи добивате 11та како подарок ако притоа не ви пукне главата од глупоста која ви се нуди.

Еве ја целата реклама за која се надеваме дека Цукерберг нема да ни испрати фактура.

За неупатените не е ова капа која што ја носел Александар Велики туку Тодор Александров.

Тоа што ознаката е позлатена а на врвот се наоѓа орелска канџа не смее да ви го замати умот и да ја поврзете капата со други двоглави орли, оваа е од едноглав орел со гаранција од 3 години. Еве ви ја целата реклама па нарачајте.

Александровка
Воена капа носена од комитите на ВМРО и самиот ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ
Капата била позната под името ТИЈАРА произведена од италијански мајстори кои работеле за воената индустрија на Италија. Ознаката на капата е позлатена автентична со текст на македонски литературен јазик, на врвот од капата се наоѓа трофејна орелска канџа
Димензии на капата- Ѕ,М,L
Цена-1500ден +карго
10% рабат за повеќе од 10 капи
Email- ……………..@gmail.com
Нарачки на тел- 070 
Facebook- Александровка капа

SHARE