Рудниците, пушачите, сведоците и социјалците чекаат помирување меѓу СДСМ и ДУИ

Кавгата во владеачката коалиција на чекање стави низа важни закони кои што се на дневен ред а ќе мораат да го чекаат Законот за јазици за кој Собранието прогласи пауза.

Меѓу нив се измените на Законите за основно и за средно образование, измените на Предлог законот за изменување на законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, измените на Законот за социјална заштита.

На дневен ред се и измените на Законот за јавно обвинителство и на Законот за кривична постапка, во второ читање.

На партиски договор за надминување на кризата, чекаат на усвојување и измените на Законот за заштита на сведоците, кој е клучен закон за подобрување на ефикасноста на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), измените на Законот за судови, (второ читање) на Законот за заштита од пушењето, а поради Законот за употреба на јазиците, се одолговлекува и гласањето за измените со кои се намалуваат надоместоците и патните трошоци за функционерите, како и за пратениците.

На гласање чекаат и измените на Законот за минерални суровини, со кој треба да се реши судбината на рудниците.