Румен Радев во Бигорскиот манастир (ВИДЕО)

Бигорски манастир го пречека вчера бугарскиот претседател Румен Радев со камбани и многу присутни кои му посакаа добредојде.

Претседателот, придружуван од  митрополитот пловдивски, Николај, и Кипријан од Стара Загора,  беше пречекан лично од игуменот на најголемиот македонски манастир, Партениј,  и од епископот Тимотеј, пренесуваат бугарски медиуми.

Игуменот на Бигорскиот манастир се се обратил кон бугарскиот претседател исо зборовите: „За нас е голема чест и во исто време ви благодариме ценет претседател Радев дека токму вие сте првиот претседател на друга држава кој го посетил илјадугодишниот манастир.

Ние веруваме дека оваа посета не е случајна. Светиот и славен пророк и Јован Крстител, на кој му служиме, ни измоли од Бога – првиот човек на некоја друга држава, кој да го посети неговиот древен манастир, да биде од братска Бугарија“,пренесе БГНЕС.