Румен Радев утре и задутре во Македонија

Loading...

Бугарскиот претседател утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Македонија, а клучна тема на неговите средби со претседателот Ѓорѓе Иванов, со премиерот Зоран Заев и со спикерот на парламентот Талат Џафери,  ќе биде исполнувањето на Договорот за соработка меѓу двете земји кој вчера стапи во сила, како и поддршката за Македонија на патот кон ЕУ и НАТО.

Утре, претседателот Румен Радев ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, а во сабота ќе учествува на средба на раководствата на стопанските комори од двете земји, пишува софиски „Труд“.

Во разговорите со домаќините ќе преовладуваат теми поврзани со унапредување на трговско-економските вррски, инфраструктурното поврзување како и културната и образовната соработка и размена.

Планирани се средби на бугарскиот претседател со лидери на политичките партии, пишува бугарскиот весник.