Триото од руската ракометна репрезентација Тимур Дибиров, Данил Шишкарев и Дрмитри Житников само во мечот во Скопје меѓу Вардар и Пик Сегед даде 21 гол кои, сами по себе може да бидат доволни за победа во каков и да е меч. Навистина е чудно што земја со таква традиција во ракометот нема респектибилен тим, Чеховски одамна испадна од ЛШ со само две победи, а нејзини играчи блескаат.
Тоа е среќа за нас, а на руските фанови им останува да ги „сечат“ головите и да прават видеа за своја душа.