Русија: Западот го вовлекува Балканот во игра

Loading...

Русија не сака Србија да избира помеѓу ЕУ и Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, цитиран од РИА Новости.

Лавров истакна дека руските власти не се противат на приближувањето на Србија кон Западен Балкан. Но, тој е незадоволен од фактот што Западот го става Белград пред изборот ЕУ или Русија.

„Српскиот претседател Александар Вучиќ никогаш не рекол дека желбата за влез во ЕУ ќе биде на сметка на Русија. Тој секогаш вели дека соработката со Москва ќе продолжи да биде многу важна за неговата земја. Според мое мислење, ваквата политика одговара на интересите на српскиот народ.

Западот го крши џентлменскиот договор, според кој, НАТО не треба да се проширува на границите  со Русија.

Сега сакаат да го внесат Балканот во игра. Во историјата, Русија никогаш не носела конфронтација на Балканот. Нашата соработка е конструктивна“, рече Лавров.

Тој истакна дека неговата земја сака да ги зачува своите културни врски со Балканот. Лавров повика на конструктивен дијалог меѓу Русија и регионот.