Русија не се откажува, до влијание во Македонија преку Солунското пристаниште

Меѓу новите газди на солунското пристаниште кои што ќе градат логистички центри во Македонија е Иван Савидис, сопственик на „Савидис груп“ кој што е роден во Грузија а е личен пријател на рускиот претседател Владимир Путин.

Тој има и грчко и руско државјанство , сопственик е на фудбалскиот клуб ПАОК од Солун а се проценува дека е на 30 место на најбогатите Руси на светот.

Член е на партијата на рускиот претседател Путин “Обединета Русија“ и се смета за човек кој може да овозможи сериозно руско влијание во регионот.

Најавата на конзорциум во кој е член и Савидис, за отворање на логистички центар во Македонија и Бугарија освен бизнис интереси може да содржи и други цели, анализираат дел од македонските аналитичари кои што инсистираат на анонимност.

Савидис кој е член на руската ДУМА преку логистичките центри во Македонија каде што треба да бидат вработени стотици луѓе а земјата ќе заработи десетици милиони евра на услуги, ќе дојде во ситуација да биде во директен контакт со македонските власти и да биде посредник меѓу Москва и Скопје како што тоа успешно со години го прави меѓу Грција и Русија.

Савидис по служењето во Советската Армија се едуцирал во Ростов на Дон, во осумдесетите и во деведесеттите работел во тутунската индустрија а во 2003 година бил избран за пратеник од областа Ростов во рускиот парламент. Извршувал низа функции во Думата и е заслужен за историски најблиските односи меѓу Русија и Грција.

Претставници на конзорциумот составен од германска, француска и фирма управувана од Савидис кој ја презема контролата на Солунското пристаниште вчера објавија дека како дел од ширењето на пристаништето ќе се градат логистички центри во Македонија и Бугарија. (Читај тука)

SHARE