Русија финансирала „тролови“ во Македонија за да ја оцрнат Хилари Клинтон

Голем дел од фејсбук профилите и групи и интернет сајтови од каде што се водела кампањата за оцрнување на кандидатот за претседател на САД Хилари Родам Клинтон а кои што биле платени и организирани од Русија се во Македонија и Албанија.

Ова го тврдат дел од американските медиуми потпирајќи се на изјави на членови на федералнни тела и експерти кои што ја истражуваат појавата на масовно пласирање на лажни вести за време на претседателската кампања во САД минатата година.

Еден од  луѓето кои што дошле на радарот на американските истражители е македонскиот државјанин со иницијали (О.М.) чиј идентитет expres.mk нема да го открие иако тој е именуван во голем дел од извештаите на оваа тема. Всушност ова име се јавува на 4 различни профили на Фејсбук кои што интензивно постирале лажни и атрактивни стории за Клинтон сугерирајќи дека меѓу другото таа заработила од продажба оружје на ИСИС.

Групата во Македонија имала многу малку пријатели на фејсбук а секој обид на истражителите да им станат пријател на социјалната мрежа останувал без одговор.

Покрај Македонија дел од интернет „троловите“ биле стационирани и во Албанија. Една група со 90 илјади членови симпатизери на Берни Сандерс била водена од албански ИТ експерт кој што дал интервју за Хафингтон Пост но не зборувал добар англиски јазик. Сепак успевал на неговата страница да користи прилично високо ниво на англиски јазик.

Ова укажува дека во кампањата за избор на американски претседател не бил Трамп тој што добивал помош од засега непознат донатор туку дека целта била Хилари Клинтон да не биде избрана за претседател, дури и ако Берни Сандерс победел во трката. Инаку засега сеуште нема никакви докази дека сајтовите во Македонија и Албанија се платени или нарачани од Русија,

SHARE