Loading...

Александар Алексеев, првиот советник за култура, образование, наука и спорт во Руската амбасада во Македонија, бил диломатот кој Македонија одлучи да го протера поради обид за добивање на сензитивни и класифицирани информации, објави ТВ 21.

Алексиев повеќе од 10 години е претставник на Руската Федерација во Македонија, нон според ТВ 21 од Руската амбасада во Скопје одбиле да ги коментираат шпекулациите и не сакаат да потврдат дали станува збор за ова лице или за друг дипломат.

Министерот Никола Димитров денеска изјави дека причина за протерувањето била зашто „се работи за обид за добивање сензитивни и класифицирани информации кои се однесуваат на безбедноста на Македонија…“

Тој додаде дека ќе има многу шпекулации околу името на протераниот дипломат, „но ние ќе се обидеме да се заштити неговото име“.

Како што претходно објави „Expres.mk“, дипломатот за кој било одлучено да биде протеран во моментот кога била соопштена одлуката наводно бил на отворање изложба во Охрид заедно со рускиот амбасадор Олег Шчербак.