Рускиот митрополит Иларион повика на дијалог меѓу МПЦ-ОА и СПЦ

Loading...

Митрополитот волоколамски Иларион, претседател на Одделението на Руска православна црква за надворешни црковни врски, ги повика Македонска православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и Српска православна црква (СПЦ) на дијалог.

„Секогаш поаѓаме од тоа дека проблемот на непризнаената Македонска црква мора да се решава со дијалог меѓу неа и Српска православна црква“, одговори рускиот епископ на прашањето како го коментира тоа што МПЦ-ОА побара од Бугарска православна црква да ѝ биде мајка-црква, поставено во интервју за „Спутник“.

Постојаниот член на Светиот синод на Московска патријаршија дојде во Белград за да присуствува на откривањето на мозаикот во куполата на Храмот „Свети Сава“, кое се поклопи со одбележувањето на 180-годишницата од воспоставувањето на односите меѓу Русија и Србија.