Рускиот Патријарх се радува што сите страни ќе решаваат за МПЦ – ОА

Рускиот патријарх Кирил се изјасни за барањето на МПЦ – ОА да добие мајка црква во БПЦ.

Според Александар Волков, начелник на прес службата на РПЦ патријархот се радува на новонастанатата ситуација.

“Желбата на МПЦ да добие црква мајка во БПЦ е многу комплексна и многу важна тема, за која сега многу се радуваме дека има можност да се решава од сите страни”, изјавил Волков во врска со прашањето за признавање на македонската православна црква.

Руската црква не може да ги предвиди решенијата кои треба да се донесат но РПЦ дава голема важност на ова прашање и ги следи внимателно преговарачките процеси кои се случуваат во моментов, вели Волков.

Бугарскиот патријарх Неофит не коментираше јавно што договорил за време на посетата на патријархот Кирил на Софија а неговиот портпарол рече двајцата свештеници не разговарале на оваа тема.

SHARE

Comments are closed.