Русјаков: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обединуваат против народот

Loading...

Водечките политички партии и нивната пропагандна машинерија заедно против народот. Режисерот и писател Александар Русјаков им се заблагодарува за „љубезноста“, уверен дека со тоа и на народот ќе му помогнат да се обедини.

-А бе овие ќе се обединуваат против нас еј! ВМРО СДСМ Е. Изгледа едно име имаат… за укинување. Палавковци, шаренковци и соросулиња. Длабока држава и длабоки грла. Фала ви дечки, ќе ни го олесните обединувањето – напиша Русјаков на Фејсбук.

Русјаков е познат по своите патриотски ставови, но и како човек кој не се стеснува да ја нападне секоја политичка елита доколку, според неговото мислење, истата ги напушта националните позиции и се подготвува за компромиси на штета на македонскиот народ.