Русјаков: Новомакедонец е унапредување за лајномакедонецот

Писателот и сценарист Александар Русјаков, во својата колумна за денешниот број на весникот „Нова Македонија“ насловена „Новомакедонец е унапредување за лајномакедонецот“ со жесток речник се осврнува на последните случувања во Македонија.

„Додека Борис Дамовски, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Богдан Илиевски и дузина други патриоти од „Заедничка Македонија“, темнуваат „во црни темни зандани од проклети шпиони“, како што вели песната, среде политички монтиран процес, само затоа што го бранеа уставниот поредок на татковината, врз Македонија се вршат последните удари за нејзино идентитетско обезличување, геноцид што ќе доведе до исчезнување на државата и на македонскиот народ. Октроираната власт и хистеричната Соросова зомби ал каеда, полека го затвораат процесот за уништување на Македонија и на Македонците, процес спонзориран од светската изопачена моќ. Преку бугаризација на историјата со што ни се одзема правото да имаме свое автентично минато како секој народ на планетата, со воведување двојазичност на целата територија со што влегуваме во фаза на федерализација, па сѐ до преименување на државата во „нова Македонија“ со што исчезнува македонскиот идентитет, изопачената моќ и нејзините тукашни октроирани полтрони од власта и опозицијата, конечно ќе го завршат она што не им успеа во 1913 година, ликвидација на македонштината.

Лајномакедонците како безидентитетски полубитија со материјална свест, паднати во духовна беда со која владеат безмилоста и несовесноста, конечно ќе се самоунапредат во новомакедонци, инаку изопачена форма на битисување.
Кои се тие всушност? Лајномакедонецот нема идентитет, па го мрази секој оној што го поседува. За нив идентитетот е деветнаесетвековна измислица, непотребен товар, демоде појава, вишок облека што не му стои со опсесијата за својата банкарска сметка, душевната празнотија и чипуваниот ум. Таквите немаат совест, милосрдие и сомилост, духот им е кастриран, од верата се гнасат, идеалите им се одвратни, па сето она што го немаат, што кај другите го препознаваат, сакаат да го распнат, запалат на клада и каменуваат. Лајномакедонецот е модерниот инквизитор, гебелсов следбеник, сталинистички идолопоклоник. Се крие зад флоскулите човекови права, демократија, интеграција, правна држава, ама самиот е обичен полтрон или џелат, зависно од потребата на изопачената моќ. Самобендисан е до крајни граници, вообразен до неподносливост, се самоетикетира како слободоумен, прогресивен и напреден, на послабите и посиромашните од себе гледа со гадење и презир, па својата деструктивност ја униформира со оние како него и така заедно жнеат злорадост спрема туѓата несреќа.

Лајномакедонецот е лажната авангарда, интелектуалната бижутерија, потомството на безидејната црвена буржоазија. Обездушеноста му е грантирана од лажните филантропи на изопачената моќ, хистеричната омраза спонзорирана му е од трговците со човечки животи и архитектите на овоземниот пекол, него го интересира само „каде се парите“, затоа што само парите му се некаква вредност, оти во нив ја гледа моќта пред која коленичи. Тој има свиткан ’рбет, ама се расфрла со својата конструктивност паднат пред нозете на демоните. Истовремено е октроирана власт и поданичка опозиција, затоа што знае дека на пазарот на моќта е небитен, ама, пак, ако е послушен, ќе ги добие како награда скапаните плодови што завршуваат меѓу тезгите на моќните. Лајномакедонецот е мрзлив академик што го интересира само сопствената удобност, некавалитетен универзитетски професор, кој својата неспособност ја надоместува така што го саботира квалитетот, лајномакедонецот е интелектуалец без страст за откривање, полн фрустрирана самобендисаност среде безвредните флоскули и демагогии под кои вреска бездната на празнотијата, тој е уметник без креација во себе, па својата деструктивност водена од бесови сака да ја насочи кон оние што го носат во себе божествениот допир за творење уметност, сонувајќи да ги уништи, да ги смести в затвор, да им ја стави главата под гилотината на својата непродуктивност, тој е новинар подготвен да ја продаде и сопствената мајка, да се откаже од својата челад, за да биде, барем за миг, седнат во скутот на перверзната моќ.

Тој, лајномакедонецот, честопати е сиромашен, па затоа се исполнил со злоба, зашто завидува на она што го нема, а го мрази тоа што го поседува. Тој е секаде околу нас, седи пред гранапче, купува во него, се вози во автобус, плука по улици, ја мрази сопругата, го презира сопругот, децата ги воспитува да газат во крв до колена зашто само така се успева, седи пред телевизорот, се кара со телевизорот и одбива да сноси одговорност за самиот себеси, затоа што секогаш друг му е виновен, па затоа ужива во туѓата несреќа, ги озборува подобрите од себе, се сити врз недостатоците на покреативните. Лајномакедонецот го интересира само личната удобност, себичен до пеколот и назад, во секое време е подготвен да му забие нож секому, нема чувство за заедништво, туку е полн со самосожалување, ја убил човечноста во себе поданички лижејќи таму каде што газеле помоќните, се восхитува на туѓата мака, зашто се плаши да ја види својата обездушеност, за пари и бога ќе го кодоши, само ако затреба. Боли фактот дека овој прототип царува со Македонија, а богами и со светот, ама на светот не му се заканува идентитетско исчезнување.
Затоа во периодов што следува ќе бидеме бомбардирани од хистеријата на бесконечната глупост што ќе вреска дека сега му е мајката да се смени името, затоа што најверојатно сме измислица на комунистите, па тие имаат право и да нè укинат, ќе ни го касапат постоењето со неподносливата моронштина дека гајле им е за името бидејќи во ЕУ и во НАТО ќе им тече мед и млеко, претпоставувам исто како во Бугарија и во Романија, ќе нè убедуваат во идиотштината дека не менуваме име, туку референца, ама па што ќе ни е идентитет, кога Брисел ќе им овозможи на нивните деца да бидат богати и убави. Веќе ги гледаме и слушаме секојдневно, обездушени и обесчовечени безрбетници, го сеат гнилото семе на сеопштата деструкција и новиот нацифашизам.

И нема кој да крене глас. Уплашените се скрија во себе убедувајќи се дека од нив ништо не зависи. Алчните и себичните, откако ќе го продадат идентитетот, а нема да ја добијат својата наркодоза мед и млеко, ќе лажат дека и онака само моќните одлучуваат. Интелектуалците ќе продолжат да серат во нужникот на небитноста. Имошната МПЦ нема да се сети и да ги крене верниците, откривајќи им ја вистината дека денес ти го ампутирале идентитетот, а веќе утре ќе ти ја распнат верата. Политиката е бескомпромисна, а политичарите се духовни курви. Храбрите што ќе го кренат гласот ќе бидат обезглавени на голема злорадост на мнозинството наведнати глави и смкнати гаќи. А ние идеалистите ќе сонуваме дека историјата се повторува не само како фарса, па некоја идна генерација повторно ќе посее македонско семе, кое лајномакедонците го сотреа“.

 

Оставете коментар