Сабри Азизи за Македонците, Албанците и гаќите

Еден фејсбук статус на сосема обичен граѓанин и млад доктор, можеби ја открива тајната на сите македонските проблеми

Сабри Азизи

Македонците мислат дека Албанците(“клетите”) имаат се, се им се дозволува, се им се простува и дека за нив не важат закони. Подеднакво истото го мислат Албанците за Македонците(“каурите”).

Вистината е дека законите не важат за група од околу 150 души (мегу нив има Албанци, Македонци и останати) кои се добро организирани. Се држат мегу себе, функционираат и се сложни подобро од родени браќа.

Ниту вера, ниту нација, ниту партија не може да ја обедини оваа група(безкичмењаци) како што ги сплотува криминалот. Истите ја узурпирале и силуваат цела држава, нашата иднина и се спремни војна да направат преку ноќ само да бидат спасени. Не им е жал да изгорат цели фамилии без оглед дали се Албанци или Македонци или други, вметнувајки им монтирани случаи, мистериозна смрт, политички прогон иткн.

Не им е жал со наши пари да нахранат цела нација со омраза еден против друг, инвестираат преку медиуми нетрпение, нетолеранција и внесување страв мегу луѓето. Кога ке слушнете дека некој ке биде амнестиран или ќе му биде прогледано низ прсти не се повикувајте на тоа “САМО НА ОВИЕ ИМ СЕ ПРОСТУВА” алудирајки на национална припадност!!!!

Им се простува на криминалците и на баграта а просечниот граганин ке биде шиканиран и експресно спроведен во затвор за политички поени или сеење страв. За вас багро Господ не постои, но Божјата казна е најболна.

Се срамам каде живеам, се срамам со кого делиме воздух и не се чудете зошто се иселија 600.000 луѓе. Некој едвај преживува со 150 евра додека други перат пари, не плаќаат даноци и се трудат и тие 150 евра ако можат на сиромашниот народ да му ги земаат. Промените кога ке настанат во една нормална држава произлегуваат од незадоволството и начинот на владеење на предходната власт. Ние имавме промена на власта но остана истиот начин на владеење…