САД го поддржуваат Косово да формира безбедносни сили!

Помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, денес во Белрад  ги повика Србија и Косово да ги исполнат своите обврски според Бриселскиот договор.

За време на прес-конференцијата со српскиот претседател Александар Вучиќ Мичел изјави дека Косово има право да формира професионални сили кои ќе се занимаваат со безбедноста и дека тоа нема да претставува закана за Србија и за Србите.

„Косово има право да формира професионални безбедносни сили кои ќе вклучуваат косовски Срби и никој нема право да му забрани на Косово да развие такви структури“, рече Мичел.

Мичел рече дека САД го поддржуваат ова право на Косово.

Тој рече дека тоа бара многу работа и дека САД се ангажирани „многу блиску до луѓето во Приштина за тоа“.