Сакаа да го тепаат а тој се врати со џипот да ги гази, драма во Аеродром (видео)

Скопјанецот Авни на групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ објавува видео на кое се гледа како две возила возат по булеварот Србија во Аеродром а кога едното возило џип намерно тргнува во другата лента и брзо се враќа на својата настанува инцидент.

Најпрвин еден а потоа и вториот патник во белото возило марка Фолксваген излегуваат и се обидуваат да ја отворат вратата на џипот со намера да се пресметаат со возачот.

Најсмешен е моментов кога напаѓачот удира со нога во џипот и се одбива во своето возило.

Возачот на џипот во обид да избегне инцидент најпрвин бега кон третата лента на патот а потоа одеднаш се враќа кон Фолксвагенот и се обидува да го удри при што се судира со двајцата патници што сакаа да го нападнат.

Сето тоа се случува сред бел ден во близина на црквата „Свети Јован“, во скопската населба Аеродром. На ред е полицијата.

Видеото преземено од фејсбук беше блокирано но со помош на наш читател повторно го објавуваме на овој линк