Loading...

Бугарскиот престолонаследник и поранешен премиер Симеон Саксобурготски изјави дека е нормално Бугарска православна црква (БПЦ) и Македонска православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) да имаат заедничко сослужение.

„Во две соседни земји, меѓу две соседни цркви, тоа е нормално“, изјави денеска Сакскобурготски, цар на Бугарија од 1943-1946 година и премиер од 2001 до 2005 година.

Сакскобурготски ја даде изјавата по заедничката служба на бугарскиот патријарх Неофит и рускиот патријарх Кирил во храмот „Свети Александар Невски“.

Повикот доаѓа неколку дена откако македонскиот премиер Зоран Заев официјално поддржа сослужение меѓу двете цркви.

„Се надевам наскоро да има заедничка литургија меѓу бугарската и македонската црква – во Бугарија или во Македонија“, рече Заев.

Македонскиот премиер уште рече дека „во рамките на Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија ние сме се договориле веќе дека сите активности кои ќе придонесат за продлабочување на соработката, ќе ги поддржиме.“