Меѓународната тениска федерација ќе ја поддржи идејата на компанијата Космос во сопственост на Жерар Пике и на јапонската Ракутен и практично се подготвува за амбициозниот план за одржување на репрезентативен мундијал на местото на досегашното Девис куп натпреварување.

Ова се однесува само на првата, на Светската група, значи на 16 селекции кои во ноември и тоа веќе од следната година би играле прво во групна фаза, а потоа од четврт-финалето и со елиминации. Така би се добивал Светскиот репрезентативен првак во тенис, а целиот пакет би чинел три милијарди евра.

Промени би имало и во вкупниот број на мечеви на тој настан, и тоа намалување од 4 на два сингла, и дуелот во двојки. Сето ова мора да мине на Генералното собрание на Светската тениска асоцијација во август на Флорида, но најверојатно ќе биде понудено на гласање.