Ако сакате лесен оброк, ако патем и ви се брза, обидете се со оваа лесна салата за топлите денови.
Состојки:
-150 грама сирење-намаз
-150 грама мајонез
-2 конзерви филети туна во маслиново масло
-200 грама свежи краставици
-200 грама тестенини
-1 лажичка вегета, сол, црн мелен бибер


Подготовка:

Од намазот од сирење и мајонезот направете смеса, зачинете со сол, бибер и вегета. Туната исецкајте ја и измешајте ја со краставичките исецкани на коцки. Тестенините сварете ги и изладете ги, додајте ги туната со краставичките и се заедно прелијте со направената смеса од сирење и мајонез. Оваа салата можете да ја подготвите и во зимскиот период со кисели краставички.