Самовозачки возила веќе се движат по улиците на некои американски градови, но наскоро се очекува нивно „огнено крштевање“ на улиците на Менхетен, каде што пешаците, таксистите, автобусите и велосипедистите секојдневно се борат за да  избегнат судар.

Компанијата за производство на софтвер за автоматизација „Cruise Automation“, во сопственост на „Џенерал моторс“, сака тестирањето во Њујорк да почне од следната година.

Секој автомобил ќе биде со инженер, кој ќе ја следи работата на компјутерот.

Извршниот директор Кајл Фогт изјави дека густо населениот град со повеќе од осум милиони луѓе ќе овозможи тестирање во голем број ситуации и ќе ја забрза работата на технологијата.